Must have: Урбани и впечатливи памучни фустани во пруги

5 октомври 2020

Неколку актуелни тенденции споени во едно дизајнерско парче: памучен фустан во пруги со впечатливи бои и предимензионирани ракави...

Вака изгледа едно од оние уникатни парчиња што оваа есен ќе дадат стилски акцент во уличната мода.

Во својата актуелна есенска линија, модната куќа Елена Лука понуди фантастичен избор на вакви модели што ги издвојуваме како MUST HAVE за сите кои даваат приоритет на урбаната естетика со која се истакнува индивидуалноста.

Достапни во неколку различни комбинации на бои, овие модели на фустани се прилагодуваат на сечија силуета што е дополнителна предност, а може да ги комбинирате и со патики и со шик чизми до глужд.

Нарачајте ги онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
5 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
711 пати