Must have: Впечатлив ѓердан што ќе и даде шарм на секоја комбинација

18 јануари 2019

Постојат моменти кога ќе се дотерате и сметате дека нешто и недостасува на комбинацијата за истата да биде комплетна.

Тогаш, сè што ви треба е некој впечатлив моден додаток со кој ќе ги истакнете парчињата и ќе бидете дамата што ќе ја исполни со шарм просторијата во која ќе се појави.

Она што денеска ви го предлагаме е токму таков ѓердан што секоја девојка треба да го има во кутијата за накит и кој ќе може да го носи за посебни прилики.

Станува збор за ѓердан во златна нијанса со неколку камења во слична нијанса што имаат неверојатен сјај и кој е сосема доволен да ја украси и истакне било која комбинација.

Ѓерданот можете да го најдете во продавниците на Parfois, а нема да погрешите и доколку одберете сличен на овој.

Објавено:
18 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
510 пати