Must have: Впечатливи есенски обетки за тренди изглед

25 септември 2018

Се чини дека есента полека, но сигурно доаѓа во градот, па време е да се подготвиме со најубавите стилски комбинации за оваа сезона.

Топлите џемпери и шик блузичките на долги ракави се едни од омилените оваа сезона, но истите мора да ги истакнете со соодветен накит.

Нашиот предлог за денеска се овие впечатливи обетки во темно кафена боја со истакнат златен дел кои можете да ги комбинирате со речиси секое парче од вашата есенска гардероба.

Носете ги со крем ролка, со шик цветен фустан, со бела кошула за на работа, па дури и со некоја свечена тоалета во крем или златна нијанса.

Истите можете да ги најдете во продавниците на Parfois.

Објавено:
25 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
475 пати