Must have: Здолниште со карнери за секоја пролетна комбинација

17 март 2020

Сите сме со надеж дека состојбата со коронавирусот која глобално го зафати светот, што побрзо ќе се стави под контрола и комплетно ќе се реши.

До тогаш, не престануваме да се инспирираме, во секоја, па и во модна смисла.

А особено денеска имаме една посебно инспиративна идеја за Must have.

Се работи за ултра модерно, женствено здолниште во асиметричен крој, со карнери – дизајнерско парче од новата колекција на Елена Лука, „Sky's flowers".

Префинето во секој поглед, ова модно парче може да го комбинирате во секоја пролетна комбинација, а подеднакво е функционално и во елегантен и во романтичен, но и во деловен изглед, во зависност од тоа како ќе го комбинирате.

Достапно е во онлајн продажба на e-shop продавницата на Елена Лука, каде може комплетно да ја погледнете новата пролетна линија.

Објавено:
17 март 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.026 пати