Must have: Здолниште во „молив“ крој + ролка во беж нијанса

2 ноември 2020

Безвременски дизајни облека секогаш се вредни за инвестиција.

Во оваа категорија припаѓа и нашиот денешен предлог избор за MUST HAVE.

Елегантен и женствен комплет што вклучува две плетени парчиња во беж нијанса, од актуелната есенска линија на модниот бренд Елена Лука.

Здолниште во „молив" крој комплетирано со ролка со широки ракави, како спој се одличен избор што ќе одговори на вашите потреби за стилски, а удобен и топол сет за различни пригоди.

Сетот може да го финиширате со макси капут во земјен тон и чизми до глужд или до колена. Така добивате модерна, функционална, а сепак безвременска комбинација.

Нарачајте онлајн на е-продавницата на Елена Лука, каде истиот сет е достапен во неколку различни нијанси. Уживајте во квалитетен и безбеден онлајн шопинг.

Објавено:
2 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
715 пати