Набавете си секси долна облека за Денот на вљубените!

14 февруари 2014

Сите веќе знаеме дека утре е Денот на вљубените, па по тој повод веруваме дека сакате да го изненадите вашиот партнер со нешто навистина секси.

Доколку планирате романтична вчера во домашни услови, тогаш ова е вистинскиот текст за вас! Сакајќи да направиме мала пауза од класичните модели на долна облека бидејќи сега е вистинското време за тоа, одбравме некои од најубавите и најромантични парчиња долна облека од неколку брендови.

Ако сте обожавателка на ваквиот стил на долна облека, особено за Денот на вљубените, во продолжение погледнете ги сите 20 модели и изберете си нешто за вас.

Тантелата, пастелните нијанси, деталите како панделки и цветен принт се омилени меѓу девојките, па според тоа, и ваквиот стил на долна облека. Веруваме дека многу лесно ќе пронајдете нешто за себе, или пак ќе му го олесните на партнерот утрешниот избор на подарок.

Уживајте!

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Тренд