Најбараната чанта оваа зима

13 јануари 2021

Ако како девојчиња се шетавме со меки крзнени играчки во рацете, сега како возрасни жени се шетаме со крзнени чанти. 

Според податоците на модната платформа Lyst, најбараната чанта на пазарот изминативе неколку недели е Teddy Clutch чантата на модниот бренд Cos. Станува збор за шерлинг чанта, која освен мекото, вештачко крзно, ја краси и фина цена од 79 евра. За жал, моментално е распродадена, па и тогаш кога накратко ќе се појави на залиха, ја снемува со брзина на светлината. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nina Ojala (@ninaamarias)

Она што ја прави многу популарна оваа чанта освен крзното, е и самиот облик, позајмен од добро познатата Pouch чанта на Bottega Venetta. 

Тајмингот за нејзиниот подем е совршен, бидејќи позимска и не можела да биде. Достапна е во кремава варијанта која одлично се комбинира со земјени топли тонови, карактеристични за овој период. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by A Styling Story (@astylingstory)

 
Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
402 пати
Тагови: 
clutch чанта Cos тренд