Најдобри начини да го искомбинирате вашиот свилен фустан

14 јули 2022

Светот на модата е жива материја која се наоѓа во постојан процес на трансформација. Она што било во тренд пред неколку години сега веќе не е...освен ако не нè изненади некоја ретро „воскреснување", како што сме сведоци во последно време.

Сепак, постојат одредени модни парчиња кои никогаш не излегуваат од тренд. Тоа се најчесто бесмртни парчиња облека кои со својата едноставност, трансформирачка способност и елеганција можат да се искомбинираат на најразлични начини и да изгледаат модерно и шик или елегантно и свечено, зависно од вашите желби, стил и прилики каде ги носите.

Таков пример се свилените и сатенските фустани кој за прв пат станаа популарни во ексцентричните 90-ти години. Денес тие се сè уште популарни како некогаш, но разликата се состои во слободата во комбинирање и стилизирање која современиот моден свет ја дозволува.

Фото: Pinterest

Денес, свилените и сатенските фустани ќе ги видите во комбинација со сандали на високи потпетици, луксузен накит и чанти, и свилени шалови градејќи го совршениот свечен изглед за формални прилики, како сваба или летна веселба. Но тие исто така ќе се појават и во комбинација со летни платнени патики, ниски удобни сандали и балетанки, сламени шешири, тексас јакнички, памучни маички или предимензионирани кошули кои ја трансформираат оваа класика во лежерен и секојдневен изглед.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Па, во тој контекст, ние ви нудиме неколку различни предлози за тоа како да го искомбинирате вашиот свилен или сатенски фустан ова лето.

Фото: Pinterest

Објавено:
14 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
771 пати