Иако блејзерот долго време важеше за исклучително машко парче облека, во последните неколку децении сме сведоци дека полека си го наоѓа своето место и во женските гардеробери.
Денес постојат безброј различни модели на блејзери, кои во зависност од својот крој, должина, дезен и материјал можат да служат како одличен начин да се потенцира женствениот, или пак андрогениот изглед на еден аутфит, а притоа да биде дел, како од деловни, така и од лежерни комбинации.
Фото: Pinterest
Блејзерите денес се многу повеќе од модно парче кое го носиме само в канцеларија во комбинација со класични панталони. Совемените начини на стилизирање дозволуваат ова формално парче облека да стане одличен додаток на секојдневни, но и романтични комбинации, како на пример, во спој со фармерки и маичка, шорцеви и лежерен топ, кусо здолниште, макси здолниште или пак лелеав цветен фустан.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
Потенцијалот на блејзерот е бесконечен, а една од нашите омилени комбинации во кои ќе го гледаме оваа есен е онаа со здодништето, креирајќи удобен, лежерен, романтчен или деловен изглед.
Погледнете неколку инспиративни комбинации.
Фото: Pinterest