Најдобрите моменти од уличната мода во Милано – оделата водечки тренд

29 септември 2020

Како што ништо не е вообичаено оваа година, така и уличната мода за време на Миланската модна недела беше надвор од своите стандардни рамки.

Тука пред се посочуваме на заштитните маски за лице, што веќе добија и статус на задолжителен моден додаток, како и на задолжителната физичка дистанца меѓу посетителите на ревиите, па сега на фотографиите што ни пристигаат од светските магазини, не може да се забележи вообичаената гужва.

Од моден аспект пак, забележливо е дека годинава трендсетерките обожуваат одела, што не е изненадување со оглед на нивната атрактивност и популарност.

Се носат различни комбинации и варијанти на дводелни и триделни одела, со акцент на лежерните и предимензионираните кроеви.

Не помалку застапени се и моделите со волумензони ракави, независно дали се работи за кошули, блузи или фустани, а деталите секогаш го имаат завршниот збор: милитари чизмите, марамите и шеширите, чантите со кратка рачка се омилени на улиците во Милано.
Дел од амбиентот ви пренесуваме преку објективот на фотографот Томас Рацано.

Фото: Vogue / Thomas Razzano

Објавено:
29 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.283 пати