Најдобро облечениот маж на Инстаграм?

19 август 2014

Изгледа како модел, а има чувство за мода како стилист. Марсел Флорус не е обичен корисник на Инстаграм. Овој 23-годишен германец го надминува стандардот на Инстаграм, благодарение на неговиот совршен стил и влијанието кое го има врз останатите корисници.

Поранешниот професионален танчар, го лансираше и својот моден бренд „One Dapper Street“ чиј стилски правец е токму онаков како што и звучи: спој на елегантни и спортски парчиња, костими со чисти линии, кожени аксесоари,  односно имиџ кој асоцира на изгледот на господата од  изминатите декади, ама сепак со ултра модерен призвук благодарение на изборот на бои, принтови и модни додатоци.

Покрај тоа што самиот е атракција на Инстаграм, сепак вели дека токму оваа социјална мрежа, заедно со уличниот стил се негова основна инспирација.

 

 

 

Објавено:
19 август 2014
Категорија: 
Тренд