Најелегантниот скапоцен накит е повторно во мода

3 март 2021

Ако рубинот е кралот на скапоцените камења, тогаш бисерот е кралицата, наменета за кралици - како што би рекла Грејс Кели.

Бисерот емофицијално најстариот скапоцен камен и единствениот кој го произведува живо суштество. Долги години е симбол на богатство, луксуз, моќ и софистицираност. 

Пред 1893 година, бисерите биле исклучително ретки и многу скапи, па биле резервирани сами за кралските семејства. Во 1533 година, кога одела кон Франција за да се омажи, Катерина де Медичи ги носела најдолгите бисери кои светот некогаш ги видел.

Портретот на кралицата Елизабета Прва е надалеку познат, а таа на него носи бели бисери околу вратот. 

Бисерите и денес не им се непознати на членовите на кралското семејство, па Нејзиното Височество често го носи ѓерданот подарок од нејзиниот татко Кралот Џорџ VI, додека Кејт Миделтон е фан на обетките и бисерните брошеви.

И холивудските кралски дами се слаби на бисерите, а токму Елизабет Тејлор во својата книга Elizabeth Taylor: My Love Affair with Jewellery, раскажува една анегдота поврзана со бисерен ѓердан. Токму тој, 50.6 каратен Ла Перегрина, најголемиот крушовиден бисер во светот, го доби како подарок од тогашен својот сопруг Ричард Бартон, па го загуби. Подоцна, бисерот беше пронајден во устата на нејзиното куче. 

Денес, бисерите се повторно во мода - онака како што носеше Камала Харис на Инаугурацијата, како што ги носат Анџелина Џоли, Ријана - класично и елегантно, во стилот на Грејс Кели, Коко Шанел и Џеки Кенеди, бидејќи, како што би рекла таа, бисерите се секогаш соодветни.

Објавено:
3 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.426 пати