Најновата есенска тренди љубов: Широки ¾ панталони со висок струк!

17 септември 2014

Оваа есен местото на модерното здолниште со висок струк и А – линија, дефинитивно ќе го преземат широките ¾ панталони кои се последната љубов на светските трендсетерки.

Истите можевме да ги видиме кај голем број девојки низ улиците во рамки на модната недела во Лондон, а ние на голема врата им велиме добредојде!

Иако досега овие панталони не се сметаа за некое модерно парче и многупати беа избегнувани од девојките, оваа есен тие се неверојатно шик, особено ако ги комбинирате со вистинските блузички и секако – потпетици.

Овие панталони за прв пат биле измислени некаде во 19 – тиот век за жените што јавале коњи, за да може да им биде удобно и да немаат проблем со нозете. Идејата била дека токму овие панталони со широк крој ќе им ја обезбедат сета практичност и комфор на девојките на кои им била потребна, а истовремено ќе изгледаат и неверојатно женствено.

Оваа година, истите беа воскреснати, им беше додадена потребната модерна нота и едноставно беа доведени до совршенство во потенка А – линија која секогаш ви овозможува да изгледате послабо.

Најдобро од сѐ е тоа што и во својата нова форма, тие повторно се супер удобни, од материјали какви што ќе посакате и секогаш расположени да ги комбинирате со вистинските чевли!

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Тренд