Најпопуларниот модел на џинс сезонава е...

19 април 2016

Килоти-џинс е најпопуларниот модел на џинс за оваа сезона. Широките ногавици со должина над глуждот, го прават овој модел невообичаен и уникатен, што ги импонираше IT девојките ширум светот.

Гвен Стефани, Миранда Кер, Кендал Џенер, Жизел Бундшен се само дел од листата на популарни девојки што го обожаваат овој пар џинс и го комбинираат во нивните секојдневни стајлинзи.

Со оглед на тоа дека и оваа сезона е обоена во стилскиот дух на 70-тите години од минатиот век, ова „must have" парче совршено се вклопува во трендовите за пролетва.

Комбинирајте ги со патики или високи потпетици, лесни транспарентни кошули и маички, а од модните додатоци изберете сламен шешир или бохо чанта со реси.

Објавено:
19 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.723 пати