Најпопуларните фустани по долги ракави што ќе ги носиме оваа сезона

17 септември 2020

Време е да направиме сезонско преуредување на плакарот и подготвени да ја пречекаме есента. Како што ги обожуваме и често ги носиме во лето, така фустаните остануваат меѓу најпопуларните модни парчиња и во есен, со таа разлика што сега приоритетот е на моделите по долги ракави, изработени од потопли, пријатни материјали.

Затоа што се удобни, практични, а шик и женствени, погодни за различни комбинации, во сечиј плакар постои место за нив.

Неколку модели оваа сезона ќе се наметат како тренд: плетените, на преклоп, фустаните со карнери и потенциран волумен, оние со дезени, како и џемпер-фустаните.

Секогаш добро се вклопуваат во спој со чизми до глужд или колена, со елегантни високи потпетици или со патики (што како комбинација особено ќе биде актуелна и оваа есен).

Ги одбравме најпопуларните модели на фустани по долги ракави од уличната мода.

Фото: Пинтерест

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.560 пати