Најпопуларното парче за оваа сезона – 20 комбинации со кожено здолниште

16 декември 2019

Парчињата изработени од еко-кожа се најдоа на врвот на листата најпопуларни трендови оваа сезона, па невозможно е да не ги забележите во излозите, во уличната мода, во актуелните колекции на „high street" брендовите...

Голема е веројатноста дека и вие имате по некое такво парче во плакарот, па затоа решивме да побараме интересни идеи како би можеле да го комбинирате во вашите аутфити.

Акцентот го ставивме на коженото здолниште, односно на различните модели на ова парче.

Популарни се плисираните кожени здолништа, оние на преклоп, како и мини здолништата, па во нашиот избор ќе наидете на 20 интересни комбинации во кои истите се имплементирани.

Фото: Инстаграм

 

 

Објавено:
16 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.597 пати