Најпосакуваниот фустан од колекцијата на Kenzo x H&M

19 август 2016

Неодамна беше најавена новата соработка на high street брендот H&M со светски познатата модна куќа Кензо, од која ни беа презентирани само неколку парчиња.

На Инстаграм денеска брендот објави фотографија од сосема ново парче од колекцијата по кое девојките полудеа и за кратко време доби огромен број лајкови.

Станува збор за легендарен фустан кој првично бил дизајниран од Кензо Такада, но овој пат доаѓа во малку поинаква варијанта за која се заслужни креативниот директор на компанијата Керол Лим и Умберто Леон.

Тие создадоа краток фустан со фолклорни мотиви кои само уште еднаш потврдуваат дека можеме да очекуваме фасцинантни принтови во целата колекција.

Фустанот го промовира 25 годишната музичарка Anna of the North која доаѓа од Норвешка.

Колекцијата на Кензо и H&M ќе биде достапна во повеќе од 270 одбрани продавници на брендот ширум светот, а секако и онлајн од 3 – ти ноември. 

Објавено:
19 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.477 пати