Доколку сè уште не сте ги одбрале совршените еспадрили за ова лето како ултимативни чевли што можете да ги носите на сите пригоди, денеска ве запознаваме со српскиот бренд M - ishka.
Од нивната работилница секојдневно излегуваат еспадрили во разни нежни бои, изработени од висококвалитетна кожа што ѝ овозможува на ногата да дише, а вие да уживате дури и во најтоплите денови.
Дамите ширум светот се вљубија во нивните модели на прв поглед, поради тоа што се неверојатно удобни, впечатливи, а може да ги носите со што и да посакате.
Носете ги на работа со фармерки и романтична кошулка, на некоја веселба со соодветен фустан, или пак со женски костим како едно од најпосакуваните парчиња сезонава.
Покрај овие еспадрили, брендот нуди и сандали на кои се поставени подеднакво слатки панделки кои ги прават уште попосакувани.
Инфо и фото: Bonjour.ba, M-ishka