Облеката за бебиња сама по себе секогаш е неверојатно слатка, а доколку на истата се додадат и некои неодоливи натписи, тогаш имате полн погодок!

Токму такви слатки и духовити натписи ќе најдете кај брендот Jean & June кои на нивниот Инстаграм профил ги објавуваат најубавите фотографии со дечиња кои ги носат нивните дизајни.

Она што е посебно кај нивните парчиња е неверојатниот минимализам единствено надополнет со интересни натписи кои секој ќе ги обожава.

Меѓу најпопуларните се маичките со натписот „Nap so hard“ и „Mas Leche“ што во превод значи повеќе млеко.

Истите се напишани на едноставни бели маички и бодија изработени од органски памук со класично закопчување за уште полесно движење и функционирање на малите дечиња.

За нивните производи веќе има листа на чекање, а она што е интересно е тоа што и родителите можат да си нарачаат идентични или маички со подеднакво интересен натпис кои се исто така многу барани.

Моделите на брендот можете да ги погледнете на нивната веб страна, а истите можете да ги нарачате и онлајн.

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.376 пати