Најубавите џемпер фустани за оваа есен

14 октомври 2016

Џемпер – фустаните се дефинитивно едно од омилените модни парчиња кога станува збор за студената сезона.

Тие мора да бидат неизоставен дел од секој женски плакар, барем кога станува збор за студената сезона.

Иако изминатата година беа во фокус на речиси сите дизајнерски колекции, голем дел од брендовите не ги заборавија ниту оваа сезона.

Есенва ќе ги најдете буквално во секоја продавница, во милион различни варијанти и бои, а како едни од омилените сѐ уште се оние широките во светли бои.

Она што е особено добро кај овие парчиња е тоа што можете да ги одберете за различни пригоди, да ги носите со куси чизми, високи потпетици, рамни чевли и што и да посакате.

Оваа есен особено добро изгледаат со чизми над колената и кожени јакни како една од комбинациите во кои ние сме заљубени!

 

Објавено:
14 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
23.602 пати