Најубавите парчиња од лен сезонава доаѓаат од Манго

10 април 2017

Иако секоја сезона доаѓаат трендови за кои секогаш сме супер возбудени, оваа пролет има еден на кој девојките особено му се радуваат.

Пролетните денови се совршен почеток да им се вратите на лесните и лежерни парчиња во кои сакаме да уживаме секоја топла сезона.

Вистинска класика се враќа оваа сезона кога зборуваме за материјалите, а станува збор за нешто во што секоја девојка се чувствува пријатно во секое време и на секое место.

Ленот е еден од материјалите кои најмногу се носат во топлите денови, поради неговата совршена текстура, едноставноста и леснотијата на прво место.

Манго е еден од оние high street брендови кои му отстапија значајно место на ленот во нивните колекции, но преку сосема нови модели кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Почнувајќи од омилените парчиња како долги мантили и фустани, па сѐ до тренди куси здолништа и кошулки со карнери, овие парчиња се нешто што мора да го имате во плакарот.

Во оваа колекција на Манго ќе најдете совршени парчиња за преку ден, но ќе се изненадите и од тоа какви модели има за вашите вечерни излегувања.

Чувствувајте се прекрасно оваа топла сезона во еден од најубавите материјали било кога создаден!

 

Објавено:
10 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.189 пати