Накит за коса

11 октомври 2013

Многу е важно да имате негувана и здрава коса, а дополнителното украсување со аксесоар само ќе ја истакне нејзината убавина. Токму затоа оваа есен ние ви предложуваме да бидете инвентивни и да ставите накит на косата.

Предноста на овој моден додаток е што одлично се вклопува во дневните кежуал и вечерните елегантни комбинации. Без разлика дали ќе изберете некоја класична фризура или едноставно ќе ја пуштите косата, ставете накит на неа и ќе изгледате гламузорно во секој поглед.

Објавено:
11 октомври 2013
Категорија: 
Тренд