Натали Имбрулија на 44 години го очекува првото дете со донор

26 јули 2019

Познатата пејачка Натали Имбрулија деновиве ги израдува нејзините обожаватели со фотографија на која за прв пат го покажа трудничкото стомаче и откри дека го очекува нејзиното прво дете.

Таа појасни дека бебето го зачнала со Ин витро третман, благодарение на сперма од донор сакајќи да го оствари сонот да стане мајка.

„Многу сум среќна што можам да ви кажам дека потпишав договор со BMG. Тие се неверојатен тим. Изминатава година бев зафатена со пишување на нови песни и не можам да дочекам да ги слушнете. И како што можете да видите од фотографијата, имам уште една објава. Ова не е лубеница. Го очекувам моето прво дете оваа есен“, напиша таа под фотографијата.

Во објавата, таа појасни дека ова е нешто што го сакала долго време и дека е благословена што сега може да си го оствари сонот со помош на Ин витро третманот и донор на сперма, но и дека тоа е сосема доволно за она што јавноста треба да го знае.

Инаку, таа пет години беше мажена за Даниел Џонс пред да се разведат во 2008 – та година, за во 2017 – та да почне врска со Мет Филд, но по само неколку месеци ја раскинаа.

Според светските медиуми, шармантната пејачка во моментов нема партнер, иако во минатото многу пати говорела за тоа дека сака да има деца.

Натали со нејзиното момче Мет Филд со кој ја раскинаа врската во 2018

„Многу сакам да бидам мајка и тоа е нешто што ќе се случи. Сѐ уште се надевам дека ќе најдам некој, а доколку тоа не се случи, ќе ги разгледам сите други можни опции“, изјави пејачката во едно интервју пред неколку години.

Фото: The Sun, REX FEATURES

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
26 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
529 пати