Не мора да го жртвувате стилот поради удобност...

8 октомври 2020

Сите тенденции во последниве неколку години одат во прилог на удобниот изглед.

Тоа не значи дека треба да го жртвувате стилот или женствениот изглед, туку напротив да се искористат можностите и идеите што ги нуди актуелната модна сцена токму во прилог на добриот имиџ.

Иако често се упатени критики на сметка на тоа дека со наметнувањето на новите модни трендови, се губи женскоста и дамската елеганција, сепак ние би кажале дека сè е индивидуално и доколку паметно и рационално се искористат и имплементираат трендовите кои ќе бидат во слуга на вашиот веќе дефиниран индивидуален имиџ, тогаш удобноста и елеганцијата може да бидат сојузници.

Во прилог на ова се бројните примери од уличната мода, кои многу често се базираат на удобната естетика, но со различни модификации од кои голем дел припаѓаат на префинетиот и женствен изглед.

Тука често може да се искористат класичните и базичн парчиња облека, што ќе се спојат со детали од актуелните тенденции. Секако не заборавајте на ставот, тој е есенцијата.

Во продолжение неколку идеи како удобноста и елеганцијата одат во пар.

 

Објавено:
8 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.436 пати