Њујорк-Лондон-Милано инспирирани од Дизни јунаците

21 февруари 2014

Не е тајна дека дизајнерите инспирацијата ја црпат од неверојатни извори, со цел да ја нагласат својата оригиналност во ткаењето на трендовските модни приказни . Модните недели во Њујорк и Лондон поминаа, но за сметка на тоа од вчера започна модното лудило во Милано. Покрај презентирањето на нови и автентични модни изгледи, дизајнерите имаат уште една заедничка визија, а тоа е аплицирањето на дезени од Дизни ликовите. Корелацијата Њујорк-Лондон-Милано својата модна фантазија ја заокружија во актуализирање на Дизни трендот кој следствено на корелацијата го вметнаа во шминката-фризурата-облеката.

 Могли, во шоуто на Том Форд

Том Форд Том Форд

Коктел директно од џунглата. Станува збор за „дива“ жена, која Том Форд ја акцентираше преку леопардовиот принт, неуредната боб фризура, разбушавените шишки и енергичниот темперамент кој потсетуваше на нова шик верзија на момчето од џунглата Могли.

 „Симба“ Роша

Симон Роша Симон Роша

Во поглед на шминката, Симон Роша, одлучи челото на моделите да им го украси со златен детаљ, кој неверојатно потсетува на белегот што го има малиот лав Симба во анимираниот филм Лион Кинг. Имено, белегот означува дека сте член на кралско семејство, а целта на дизајнерот била преку златниот сегмент да ја нагласи специфичноста на етикетата и колекцијата.

Ариел vs. Натали Вестлинг

Ана Суи

Ана Суи

 Манекенката Натали Вестлинг, на модната ревија кај Ана Суи, се појави со црвена долга, лелеава коса, која неверојатно потсетува, а малата морска сирена Ариел. Сличноста е огромна, а ефектот е постигнат, косата на Натали ќе и остане нејзин заштитен знак уште долго време.

 Етикетата Феј и другарчето Вудсток

Феј Феј

На вчерашниот моден перформанс во Милано, брендот Феј одлучи симпатиите кон анимираните ликови да ги аплицира на модните парчиња. Со цел да ја нагласи својата уникатност, реши да го афирмира можеби по малку и подзаборавениот лик птицата Вудсток од ртаниот филм Снупи. Жолтото пиленце и кучето Снупи се најдобри пријатели во анимираниот филм.

Москино ги осознава морските длабочини со Спанџ Боб

мосцино

И италијанската модна куќа Москино тежнее кон воведување на инвентивни принтови во своите модни мозаици, па неизбежно беше меѓу нив да се најде и некој цртан лик. Како најинтересен за нив е легендарниот Спанџ Боб, кој можеме да го видиме не само како инспиративен дезен за креирање на модни парчиња, туку и како водечки принт кај модните додатоци (чевли, чанти, шалови, капи).

 

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Тренд