Носете фустан со јака оваа новогодишна вечер!

16 декември 2014

Оваа година, дозволете им на новогодишните прослави да сјаат сами по себе и откажете се од светкавите мини фустанчиња што ги обожававте толку долго време.

Со оглед на тоа што премисата повеќе е помалку, станува сѐ попопуларна, оваа Нова година одберете вистински тренди минимализам.

На врвот на новогодишните минималистички парчиња оваа година се најдоа фустанчињата со јаки кои што покрај тоа што се неверојатно тренди, тие се и апсолутно лесни за комбинирање.

Токму ваквите фустанчиња со потпис на Валентино станаа вистински хит на црвениот килим, откако неодамна во еден таков се појави шармантната Ема Робертс.

За оние пак кои по ниедна цена не сакаат да се откажат од светките за новогодишната ноќ, Рошас креираше смирена варијанта на фустанот со јака во тотално празнична диско - златна боја.

Одлични фустани со јаки излегоа и од работилницата на Емилија Викстед која ја „најми“ Алекса Чанг да биде нејзина претставничка на овој тренд. Малку поинакви, ретро варијанти од овој фустан со декорации во пределот на градите лансираа и Гучи и Луј Витон, во нивните есен/зима колекции.

Дефинитивно најпознати оваа сезона се монохроматските нијанси, односно црните фустанчиња со бели јаки во кои девојките се чини се најмногу вљубени.

За сите уникатни девојки или пак за оние кои обожаваат принтови и боја, најсоодветни се дефинитивно моделите на Валентино како најпродавани и најомилени на светските трендсетерки.

Доколку пак не сакате да се одвоите од вашиот омилен фустан, оваа сезона вистински популарни се и модните додатоци како уникатните јаки кои дополнително се поставуваат околу вратот. Она што можете да го направите, е да си набавите неколку вакви јаки во различни бои и дезени и постојано да ги менувате на оние фустани што вам најмногу ви се допаѓаат.

Што и да одберете, бидете сигурни дека со овој тренди фустан со јака ќе бидете уникатна и посебна дама на новогодишната вечер!

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Тренд