Носете животински принт оваа есен

16 септември 2013

Ако судиме според она што го носеа познатите дами на ревиите и журките на лондонската модна недела, можеме слободно да кажеме дека не очекува „дива“ есен, исполнета со комбинации од животински принтови.

Токму тие, познатите дами, гости на модните ревии се еден од факторите што ги одредуваат трендовите за следната сезона.

Доколку планирате есенски шопинг, обидете се на вашата листа да вметнете и капутче со принт на леопард, некое елече со боите на паунот и панталони, здолниште или фустан со зебраст принт.

Sienna Miller

Кога станува збор за дамите на лондонската модна недела, нам огромен впечаток ни остави прекрасната актерка Сиена Милер која блескаше во лежерен фустан и капутче со леопард принт. Нејзината комбинација ја надополни и прекрасното насмеано лице без ниту еден грам шминка и несредената, но сепак совршена фризура.

Од дамите што го промовираа овој старо – нов тренд, неверојатна беше и неповторливата Кејт Мос која се појави на ревијата на Топшоп Јуник со панталони со животински принт, памучна блуза и црно палто.

Kate Moss

Во супер шик долго капутче со леопард принт имавме прилика да ја видиме и неодоливата манекенка Алекса Чанг која истото го имаше комбинирано на сличен начин како Сиена Милер, односно со бел, лежерен фустан.

Во галеријата подолу можете да погледнете некои од дамите што се одлучија барем некој детаљ од нивните комбинации да биде со животински принт на овогодинешната лондонска модна недела.

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Тренд