Се вбројуваат меѓу најомилените тенденции секоја сезона, независно дали е зима или лето – единствено на сезоната се прилагодува материјалот од кој се изработени – здолништата на преклоп.
Нивниот крој остава доем на женственост, па тоа е една од карактеристиките привлечни за дамите кои неретко ги комбинираат и во својот деловен, секојдневен или свечен аутфит.
Актуелната сезона, здолништата на прелок, добиваат уште поавтентични варијанти – од такви со миди должина и висок струк со страничен шлиц до тексас мини здолништа.
Ако ги разгледате фотографиите и од уличната мода низ модните метрополи, ќе забележите дека се комбинираат со елегантни чизми до глужд, со чевли на средна или висока потпетица, но и со патики или ниски чевли.
Погледнете дел од изборот...