Нов моден пар: џемпер и летен фустан

28 септември 2015

Во првите есенски денови, играта со пролетни и есенски парчиња облека станува наше секојдневие, пред се поради променливото време. Утрото ни започнува со сонце, пладнето станува врнежливо, а преку вечер ветровито. Затоа соодветната облека за овој период од годината најчесто се сведува на комбинација на повеќе слоеви во кои се имплементирани парчиња од различни сезони.

Совршен моден пар за оваа есен се топлиот џемпер и летниот фустан. Истовремено практичен и шик моден микс кој овозможува бројни варијанти на комбинирање: лелеав фустан со дебела ролка до колена, плисирано здолниште со џемпер без ракави или мини фустанче со макси плетен џемпер...

Во прилог неколку интересни предлози:

 

 

 

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.562 пати