Нов тренд: Фармерки со различни ногавици!

14 декември 2015

High street брендот Асос неодамна на нивната страна постави чифт фармерки по кој се чини девојките полудеа. 

Фармерките со наслов Mom’s jeans за многу кратко време ги преплавија модните страници како еден од трендовите на кој допрва ќе му се радуваме. 

Имено, станува збор за навистина интересни фармерки до глужд со две различни ногавици од кои едната потемна, а другата посветла. 

Она што дополнително прави да ги сакаме, покрај тоа што се навистина шик, е фактот што може да ги комбинираме буквално со сѐ што ќе посакаме.

Носете ги со едноставна бела маичка во топлите денови или со топла ролка или кошула во оние постудените. 

Должината на фармерките е до глуждовите, па така можете да ги носите со чизми во овој период, но и со стилски потпетици доколку сте обожавателка на истите. 

Што велите за овој нов тренд?

Објавено:
14 декември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.384 пати