Нов тренд на повидок: Секси бохо деколте!

11 април 2016

Во пресрет на најголемиот пролетен фестивал Коачела, бројни светски брендови се во трка со времето за да ги лансираат своите нови колекции бидејќи токму таму, покрај музичката, се случува неверојатна модна приказна. 

Иако веќе пишувавме за ланчињата за тело, оваа сезона вистински хит се „металните“ градници кои за кратко време станаа вистински хит на Инстаграм. 

Станува збор за модни додатоци кои истовремено се сметаат и за градници и за накит, кои најчесто се носат во комбинација со откопчана бела кошула или лежерни бохо фустанчиња. 

Бидејќи овие модни додатоци можат да бидат непријатни за носење, доколку навистина ви се допаднаа, истите можете да ги носите врз некој костим за капење. 

Комбинирајте ги со популарните златни тетоважи кои се совршени за на плажа, долги лелеави фустани или како што споменавме бела кошулка и тренди џинс за долгите вечерни прошетки што се пред нас!

Објавено:
11 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.221 пати