Нов тренд за есен 2014- капути во форма на фустан

10 февруари 2014

 

Првичната намена на секој капут е да ве заштити од студенилото и да послужи за лесна адаптација со сите комбинации. Од последните неколку сезони капутите ја преземаа улогата на главно парче под кое трендсетерките ги комбинираа со грилонки и туники. Женствените силуети што ја следат линијата на телото или популарниот А крој, добија форма во вид на фустан кој одлично функционира и како самостојно парче. Неодамна, токму таков модел на капут, облече модната уредничка Мирослава Дума, која за присуство на ревија од висока мода избра дизајн од својата пријателка Вика Газинскаја.

 

Повеќето од реномираните модни куќи на чело со Миу Миу, ги претставија своите верзии на капут-фустани. Кратките модели што потсетуваат на мини фустани украсени со шармантната Петар Пан јака од тантела и широките ремени кои ја нагласуваат половината, се едни од најприменливите на писта. Валентино и нивната подлинија „Валентино Ред“ од понудата имаа елегантни пастелни примероци со популарниот пеплум. Дизајнерскиот тим пак, на Александар Меквин, си поигра со мотивите од малиот црн фустан во „молив“ крој. Од галеријата погледнете ги моделите што ви ги опишавме погоре и одберете го вистинскиот за вас.

 

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Тренд