Нова шарена приказна на креативните Омајгад!

14 април 2015

Празничниов викенд креативните и талентирани Омајгад конечно ја претставија новата колекција маички со кул натписи како и секогаш.

omg-01

Истата ќе биде достапна веќе од оваа сабота, кога продажбата и официјално ќе биде прогласена за започната во кафе барот Љубов, а потоа и на нивната веб страница www.omajgad.mk.

omg-09

За новата колекција маички што ги изработи Гоце Велески, беше направена и фотосесија од Ани и Дими, со неколку слатки момци и девојки кои лудо се забавуваат во маичките на Омајгад.

omg-14

На 18 – ти април, од 12 часот ќе започне и забавата во кафе барот Љубов каде Омајгад и официјално ќе ја прогласи за отворена сезоната на носење кул маички.

omg-10

„Ве чекаме сите во Љубов, да го искористиме сонцето до максимум, за почеток денски со музиката на Васо, а за сите здрави, прави и убави што ќе дојдат покасно вечерта, тука ќе биде нашиот и ваш Game Over со фино спакуван сет од шаренила во музиката“, велат од Омајгад.

omg-05

Доколку сѐ уште немате ништо испланирано за оваа сабота за која се најавуваат супер температури, новите маички на Омајгад ќе ви бидат на располагање во Љубов.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Тренд