Нови модели џинс од есенските колекции

30 јули 2016

Актуелнава летна сезона ултимативен тренд се „модифицираните" форми на џинс, односно ретро моделите што беа хит во 90-тите години на минатиот век.

И претстојната есен-зима сезона ќе останат актуелни, со тоа што покрај веќе ултра популарните „boyfriend" џинс и оние со трапезоидна форма, во потесниот избор ќе бидат и оние со посмирен крој.

За љубителите на уличниот стил, оваа сезона „high street" брендовите ќе понудат голем избор на џинс украсен со различни апликации, пачворк комбинации и игра на нијанси и текстури, најчесто со висок струк и должина над глуждот.

Објавено:
30 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.099 пати