Нурнете се во монохроматскиот свет на црно- белиот тон

21 октомври 2014

Црниот и белиот тон и покрај тоа што се контрастни, сепак се најдобри пријатели кога се комбинациите во прашање. Бела кошула споена со црно здолниште или панталони е добитна комбинација за секоја прилика, но дамите кои имаат изградено свој стил, својата креативна фантазија ја насочија кон комбинирање на уште поинвентивни стајлинзи и изгледи кои претставуваат амалгам од овие две нијанси и нивни дезени.

Пепито принтот  се вбројува во безвременските и класични, а  Мирослава Дума свесна за тој факт често го имплементира од изгледот. Неверојатниот „сенс“ за модни мозаици кога станува збор барем за комбинирање на црната и белата боја е мошне впечатлив и кај Викторија Бекам. Неспорен е фактот дека Ана Дело Русо е моден камелеон кој храбро комбинира секакви аутфити, а кога станува збор за избор на монохротмаска верзија, таа се одлучи да промовира по малку андроген изглед кој несомнено го зачини со неверојатна женственост и елеганција.

Она што е важно е дека постојат безброј можности и опции, на вас останува да се нурнете што подлабоко во модните длабочини и да го пронајдете она што е Ваш личен печат и стилски да го структурирате за да соодветствува и со актуелните трендови, но и со вашата личност.

 

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Тренд