Облечете се за на работа како оваа 59-годишна деловна жена

17 октомври 2022

Деловниот изглед честопати знае да биде предизвикувачки, со оглед на тоа што истовремено треба да задоволи неколку критериуми.

Да се долови индивидуалниот стил, да одговара на природата на работната функција, да биде практичен, да е соодветен на деловниот дрес код доколку има посочено конкретни правила на облекувањето во компанијата во која работите и сето тоа да биде имплементирано во една естетска целина...

Но, со запазување на неколку базични елементи, комбинирањето на деловни аутфити всушност може да биде забавно, наместо комплицирано.

Токму како во примерот на познатата шпанска блогерка и деловна дама со бизнис во модната индустрија, 59-годишната Сузи Рехано.

Нејзиниот бизнис имиџ е баланс меѓу изразена индивидуалност, елеганција, удобност и женственост, поврзани во рационална естетска завршница.

Не бега од класичните дводелни костуми, но секогаш ги надоградува со детали преку кои ја изразува индивидуалноста, а од друга страна секогаш остава доволно простор за женственост како препознатлива референца на нејзиниот имиџ. Денот на работа честопати знае да биде динамичен, стресен и мултифункционален, па затоа облеката не би требало да ни биде дополнителен терет, а практичноста во бизнис стилот на Сузи Рехано има приоритетно место.

Се инспирираме од нејзиниот деловен стил.

Фото: Инстаграм

Објавено:
17 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.391 пати