Облечи се како... музичка ѕвезда

13 март 2014

Сигурно досега повеќепати сте се нашле во ситуација да гледате некоја позната музичка ѕвезда додека настапува, или некој нејзин спот, при што сте се воодушевувале не само на музиката, туку и на изгледот, односно облеката што ја носи.

Иако тие парчиња се често брендирани и скапи, па не секој може да си ги дозволи, сепак постојат алтернативи, слични парчиња по пристапна цена. Всушност, поентата не е да ги поседувате истите парчиња, и да бидете копија, туку да го приближите модниот сензибилитет на вашата музичка муза поблиску до себе.

Така, во продолжение погледнете неколку предлози како тоа можете да го сторите.

Ели Гоулдинг Ели Гоулдинг

Со овој комбинезон со тантела, а може да биде и во некој интересен дезен во комбинација со црна боја, ќе направите своја верзија на стајлингот на талентираната Ели. Ако сакате да го искористите за вечерно излегување облечете потпетици, но и патиките се сосема добар избор, секако за дневните активности.

Гвен Стефани Гвен Стефани

Дворедно струкирано палто, со пеплум елемент е супер „замена“ за ова што го носи Гвен. Иако таа се одлучила за црни панталони а впечатлив топ, вие можете да го свртите вниманието со панталони на риги и чизми до глужд. Ништо помалку успешна рок варијанта.

Лорд Лорд

Младата талентирана Лорд е љубител на црната боја, а ова фустанче и чизми што таа ги носи се комбинација која можете да ја приспособите на многу начини. Дали ќе одберете фустанче со тантела, некој транспарентен материјал или пак сосема црно, одлуката е ваша.

М.И.А М.И.А

Металик златната кошула е одличен и соодветен избор за широката маица на раперката М.И.А, која исто така има металик сјај. Во овој случај и бојата на панталоните е усогласена, како и ефектот што го даваат. Така, на овој начин давате свој личен впечаток, а сепак носите нешто тренди, инспирирани од музичка ѕвезда.

Ејнџл Хејз Ејнџл Хејз

Во оваа комбинација на Ејнџел Хејз најмногу ни се допаѓа нејзината јакна. Но, наместо црна, одберете некоја во посветла боја, која исто така ќе содржи пачворк елементи на неа. Со тоа ќе се обезбедите со тренди парче за пролет, а со остатокот на комбинацијата ќе одлучите до кој степен сакате да го постигнете ефектот што Хејз го предизвикала со својата комбинација.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Тренд