Очекувале или не, гладијаторките се враќаат во мода

24 јуни 2022

Како и секој останат тренд во вечно променливиот и динамичен свет на модата (земете ги за пример мини здолништата и фармерките со низок струк), така и сандалите познати како „гладијаторки" поминале низ разни фази, преживувајќи подеми и падови и достигнувајќи го својот врв на светската популарност во 2000-тите кога ги носеа Кејт Мос и Сиена Милер.

Можеби никој не очекуваше и сите мислевме дека овој тренд е веќе заборавен и далечна меморија, земајќи предвид дека „гладијаторките" никогаш комлетно не се вратија на модната сцена, но Валентино приреди пријатно изненадување за сите кои посакуваа тоа да се случи.

На модната ревија лето/пролет 2022 година, модниот дизајнер им оддаде почит на античките Грци и Римјани презентирајќи ја својата нова колекција од рамни сандали со врвки до колена, додека пак познатата актерка Симон Ешли од популарната серија „Bridgerton" се појави на црвениот килим во овие сандали, најавувајќи дека „гладијаторките" се враќаат во мода.

Фото: journal.hr

Фото: journal.hr

Овој модел на сандали најчесто доаѓа во неутрални бои како црна, беж и кафена. Во времето кога беа популарни, најчесто се носеа во комбинација со мини здолништа и маици со кратки ракави. Целта е овие сандали да бидат видено во целост, па затоа се препорачува да ги комбинирате со пократки здолништа или фустани.

Во прилог погледнете неколку фотографии за да се подготвите и инспирирате за тоа како да го извлечете најдоброто од овој тренд.

Објавено:
24 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
321 пати