Од понеделник до петок – стилски деловни комбинации

3 февруари 2016

Деловниот свет наметнува прецизни правила кога е во прашање работниот дрес код, но секогаш од суштинско значење е да го задржите вашиот уникатен визуелен имиџ дури и кога е прилагоден на рамките кои ги поставува вашата деловна функција.

Секако дека тоа е возможно доколку направите соодветна комбинација помеѓу боите, деталите, текстурите и различните парчиња облека.

Струкираното сако, класичните панталони до глужд и белата кошула се задолжителни, но една марама со впечатлив принт или масивен прстен, прават чуда.

Во прилог ви предлагаме пет интересни деловни комбинации, за секој работен ден да се чувствувате пријатно на вашето работно место.

 Работната недела започнете ја со класична комбинација на сако и панталони со суптилни пруги и бела кошула.

Во вторник одберете комбинација во која ќе направите микс на различни, весели принтови.

Средината на работната недела оставете простор за омилените кожени панталони комбинирани со пократко сако.

Четврток е ден за удобни широки панталони и блуза изработена од истиот материјал, спарени со сако во пруги.


Работната недела завршете ја со комбинација во која фокусот е на панталоните со разигран принт, блуза во пруги и бело сако. Па после работа, со истиот стајлинг продолжете и на викенд кафе со пријателите.

 

Објавено:
3 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.470 пати