Одберете комбинезон за новогодишната прослава

27 декември 2014

Untitled

Голем број девојки предност и даваат на практичноста и комфорот и токму затоа лесно ги заменуваат здолништата и фустаните со модел на панталони или комбинезони. Доколку се одлучите за вториот модел, тогаш погледнете ја понудата на бутиците, а ние дополнително ќе ве инспирираме со парчиња од повеќе дизајнерски имиња. Понудата е богата, односно нуди класични модели на комбинезони, но и екстравагантни модели со кристали како што е примерот со Ели Сааб.

Комбинезоните со едноставен крој ќе може понатаму да ги носите и за дневни пригоди, а истите совршено се комбинираат со блејзери или пак мото јакна. Исто така. варира и понудата на модели во однос на нијансите, а доколку сакате уникатност, тогаш одлучете се за моделот кој ги освои симпатиите на Оливија Палермо, односно комбинезон во златна нијанса, кој на прв поглед изгледа како коктел фустан. Погледнете ја галеријата и изберете го вашиот модел.

Објавено:
27 декември 2014
Категорија: 
Тренд