Оделата во боја се задолжителни модни парчиња за свечените пригоди оваа сезона

2 септември 2022

Како и секоја нова сезона, така и есента со себе повлекува нови трендови.

Овојпат станува збор за оделото во боја, кое покрај тоа што често се практикува и за дневни пригоди и професионални опкружувања, се чини дека преоѓа и во избор за формални и свечени настани, како коктел забави и свадби.

Фото: Pinterest

Иако најчестиот и најочекуван моден избор за овие пригоди се долгите свечени свилени и сатенски фустани, оделото во боја претставува забавен и далеку покомотен одговор на овие непишани правила. Со правилен избор на крој, материјал и боја, несомнено овој тренд ќе направи да изгледате одлично и дотерани доволно за секаква пригода, а притоа да се чувствувате удобно.

Фото: Pinterest

Добрата страна на оделата во боја е што сега се достапни насекаде. Откако беа претставени како нов тренд кој ќе ја одбележи претстојната есенска сезона на модните ревии на некои од најпознатите дизајнери, како онаа на францускиот дизајнер Jacquemus, обоените одела го најдоа својот пат до полиците на high street брендовите, но и локалните бутици.

Фото: Pinterest

Ќе ги најдете во секаква боја и материјал, со голем избор на дезени и различни кроеви, кои во иднина ќе ви дозволат да ги носите горниот и долниот дел од оделото засебно, во комбинација со други модни парчиња.

Во продолжение ви претставуваме неколку атрактивни примери на одела во боја кои ќе ве инспирираат да го надополните вашиот гардеробер со најголемиот хит оваа сезона.

 

Фото: Pinterest

Објавено:
2 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.131 пати