Омилен тренд: Одела во боја

23 март 2021

Не е новост дека оделата се едни од најдоминантните трендови веќе сезони наназад. Таа популарност ќе продолжи и пролетва, па доколку веќе имате во својот гардербер одело, време да го извадите!

Во месеците што претстојат, посебно ќе доминираат оние во боја - од пастелно жолти и розови, преку оние во минт нијанса, до оние со темновиолетови и црвени.

Можете да ги носите со чизми до глужд или патики - совршена варијанта за првите пролетни денови, а кога вистински ќе затопли, можете да ги смените патиките со сандали или некој модел на мокасини.

Некои ги носат со кошула или ролка, што е секако опција, ако сте љубител на колоритни комбинации, можете да се служите и со контрастни бои,  додека пак, има и такви што ги носат со маичка на прерамки или пак на „голо“ тело.

Можете да додадете накит - дискретен или масивен, зависи од пригодата, а совршено се слагаат и со марами.

Имате многу можности за комбинации, во случај да ви недостасува инспирација, погледнете ги и примерите во продоллжение:

Објавено:
23 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.538 пати