Иако неделава не ја започнавме со многу убаво време, тоа не значи дека пролетта наскоро нема да дојде.

Подгответе се за пречек на истата со некои од најубавите парчиња што голем дел од светски познатите блогерки веќе ги промовираат на своите Инстаграм профили.

Едно од тие парчиња се и блузите со откриени рамена кои ќе бидат вистински хит претстојната пролет, а за тоа сведочат бројните фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.

Тие се неверојатно романтични и истовремено секси, па токму затоа девојките ги обожаваат, а можат и да ги комбинираат со голем дел парчиња од плакарот.

Овие романтични блузички ќе ги најдете и на долги ракави, а истите се одлични за оваа преодна сезона во која секогаш ни е проблем што да облечеме.

Дефинитивно најубаво изгледаат во комбинација со некои стилски фармерки и високи потпетици или чизми, но за што и да се одлучите, нема да погрешите.

Модните блогерки ги носат и со лелеави или тесни здолништа, кожени панталони и слично, а за некој месец без проблем можете да ги комбинирате со куси тексас панталончиња без кои сезоната не може да се замисли.

Објавено:
6 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.219 пати