Омилениот блејзер на Лејди Ди се враќа во мода

4 февруари 2021

Црно-белиот блејзер веќе со децении се вклопува во листата есенцијални парчиња на модно освестените дами. Самата лејди Дијана Спенсер, која важи за една од најголемите модни икони во историјата, го носи блејзерот на фантастичен начин. 

Со вниманието насочено кон добриот крој и елеганцијата последниов период, несомнено беше враќањето на овој блејзер. Станува збор за црно парче облека со бела јака и обратно. Вистина е дека како и се во модата, и овој блејзер бил подложен на промени,  но несомнено постојано присутен. Така, со каиш и струкиран, во 50-те години бил дел од New Look, во 80-те бил поткрепен со потполнки кај рамениците, за денес да го добиеме во oversize варијанта.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BALMAIN (@balmain)

Меѓу дизајнерите кои го вратија сезонава се најдоа и куќите на Балман и Меквин. Црно-белиот блејзер е фантастичен за комбинирање, па освен со класичната црна панталона, одлично изгледа и со фармерки, здолниште, принт со точки, фустан. 

Објавено:
4 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.077 пати