Омилениот колор блок спој – розова и црвена

21 февруари 2017

Во пресрет на пролетната сезона, модниот свет е поинтензивно обоен во богат колорит. Голем дел од трендовите се базирани покрај другото и на играта со бои и дезени, па токму затоа нивниот спој е исклучително значаен.

Колор блок варијантите секогаш се интересен избор кога сакате да го разиграте вашиот изглед.
За оваа пролет омилен е спојот на розовата со црвената боја, а токму овој колоритен пар е застапен и во пролетните колекции на Селин, Кензо, Гучи, Топшоп, Валентино и други модни куќи.

Не плашете се во вашиот секојдневен изглед да ги споите овие две јаки бои, но внимавајте при изборот на материјалите, парчињата и формите да соодвествуваат на градбата на вашето тело и стилски сензибилитет.

Ве инспирираме со неколку стилски комбинации.

 

Објавено:
21 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.277 пати