Омиленото здолниште со животински принт го комбинираме на 10 различни начини

15 јуни 2019

Еден модел на здолниште, комбинирано на неколку различни начини – практично решение за секогаш свеж изглед.

Како пример го земавме здолништето со животински принт, пред сè поради тоа што и оваа летна сезона е ултра популарно и голем дел од нас го имаат во плакарот.

Особено е предност кога овој модел на здолниште ќе го земете во предвид за вашите комбинации за време на летниот одмор, бидејќи лесно ќе може да го комбинирате во сосема разлчни дневни и вечерни аутфити.
Совршено прилега со едноставна бела или црна маичка, или пак со таква со натпис. Исто така, одлично оди во пар со романтична кошула или со асиметрична блуза со еден ракав. Секако, комбинацијата со џинс или краток топ е една од оние што први ни паѓаат на памет.

Ова здолниште дозволува да се комбинира со патики, женствени и елегантни високи потпетиц, па дури и со влечки или сандали на платформа.

Затоа, веруваме дека нема да ви недостасува инспирација како да го комбинирате, особено ако ги погледнете нашите предлози.

 

Објавено:
15 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.073 пати