Основните 6 парчиња облека што треба да ги спакувате во летниот куфер

16 јули 2020

Иако ова лето го поминуваме во невообичаени услови, сепак тоа не значи дека некои од вас нема да заминат на летен одмор, барем во рамките на возможните околности.

А кога се подготвуваме за такво патување, вообичаен проблем со кој често се соочуваме е пренатрупаниот куфер со облека која воопшто нема ни да ја отпакуваме.

Затоа, земајте ги предвид грешките од претходните летни одмори и не ги повторувајте! Напротив, олеснете си и направете рационална селекција на она што навистина ви е неопходно.

Генерално, покрај основните додатоци, хигиенски предмети и аксесоари, во однос на облеката се издвојуваат шест парчиња како неопходни, а кои истовремено може меѓусебно да се комбинираат.


„Слип“ фустан


Удобни кратки шорцеви


Обична бела памучна маичка


Маичка на прерамки


Лесни „палазо" панталони


Ленен фустан

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
16 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.487 пати