Осум ефектни комбинации на бои во зимскиот период

27 ноември 2020

Тоа што зимска сезона, не значи дека им робуваме на темните и неинвентивни комбинации. На улиците на модните метрополи секогаш може да се најде инспирација за тоа како да се комбинираат парчиња во боја, притоа вклучувајќи ги и класичните црна, тегет и кафените нијанси.

Шпанското издание на магазинот „Ин стајл“ направи список на ефектни комбинации на бои за овој период во годината, кои истовремено ќе ви го подобрат изгледот, но и се трендовски.

Тегет и црна

Некогаш строго правило за тоа како не треба, а денес една од најпопуларните комбинации. Дефинитивно оваа комбинација веќе не сметајте ја за погрешна.

Камел (беж) и портокалова

Иако може да се смета за летна нијанса, портокаловата совршено се вклопува во зимскиот амбиент и фантастично се комбинира со класичната бежова нијанса. Ќе добиете свежа и впечатлива модна комбинација.

 

Сива и темно црвена

Нема потреба да нагласуваме колку сивата е благородна за комбинации. А темноцрвените нијанси се како создадени за комбинирање, хит кој го примени и „Живанши“. Ако сакате впечатлив и софистициран зимски стил, размислете за оваа комбинација.

Петролеј сина и беж

„Каролина Ерера“, „Коач“ „Миу миу“ се само дел од брендовите кои ја прегрнаа оваа нијанса која е комбинација на сина и зелена. Во комбинација со камел нијансата, ќе се добие интензивен, а истовремено и совршено комплементарен спој.

Жолта и камел

Жолтата е моќна, живописна боја, која е асполутен хит сезонава. Ако ви е премногу „силна“ за да ја комбинирате со црна, тогаш обидете се со земјени тонови. 

Пастелно сина и зелена

За сите љубители на земјените нијанси, модните инсајдери велат да направат еден исчекор и да ја одберат пастелно сината. Смирена нијанса, но доволно впечатлива. Ако ви е страв да доминира, тогаш имплементирајте ја во модните додатоци, ќе внесете свежина во изгледот.

Виолетова и камел

Нијансите на лаванда се исто така меѓу најпопуларните веќе сезони наназад. Лесно воочлива, а најдобро изгледа во комбинација со беж и црни, без оглед дали се светли или темни. Исто така, и различни нијанси на виолетова меѓу себе се добар избор.

Зелена и црна

Зелената е префинета боја, која во студените домови стилистите препорачуваат во комбинација со црна боја. Ако треба да бираме кои зелени нијанси, модните познавачи велат дека минт и фстак нијансите се идеални.

 

 

Објавено:
27 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.814 пати