Отмено, а одмерено: Костуми од кадифе

15 ноември 2023

Луксузно, отмено, а непретенциозно. Токму овие карактеристики на кадифениот костум, го прават бесмртен низ годините, сезоните и трендовите.

Дури и Коко Шанел, во 1938 година направила отстапки од својот вообичаен дизајн со твид и на светот му го претставила женското кадифено црвено одело со здолниште, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како дизајнерка која ги преместува границите.

Во кадифено одело се појавуваат светските ѕвезди на црвениот тепих, а истовремено кадифено одело носиме и во уличната мода, комбинирано со бела маичка и патики.

Неговиот универзален лик е погоден за различни комбинации и токму затоа може да биде непогрешен одговор на вашето прашање: Што да облечам на претстојната празнична забава?

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
15 ноември 2023
Категорија: 
Тренд