Отворена е сезоната за пелерини: Одбравме 20 актуелни модели соодветни за бројни комбинации

19 октомври 2020

Сезоната меѓу лесна јакна и топол капут е идеален преоден период кога речиси во секој стајлинг може да вметнете пелерина.

Совршено се надоврзува на идејата за слоевито облекување, што овој период е базичен и неизбежен тренд со оглед на променливото време и температури.

Во таквите слоевити комбинации, независно каков е вашиот личен имиџ, пелерината е финишот што има значајна и практична и естетска улога.

Може да бирате од бројните различни модели, во чиј дизајн се имплементиран сегменти од актуелните тенденции.

Сезонава, моделите со кариран дезен се меѓу најпопуларните, но и елегантните модели со копчиња како и оние со минималистички дизајн во монохроматски нијанси не се ништо помалку атрактивни.

Предност е што може да ги комбинирате во секое есенско издание, во дамски, елегантни, деловни, па и лежерни и урбани аутфити.

Меѓу 20-те модели во продолжение, го имате ли вашиот фаворит?

Објавено:
19 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.528 пати